ПРЕГЛЕД

Оваа веб-страница е управувана од НЕАМОДА. На страницата, термините „ние“, „нас“ и „наши“ се однесуваат на НЕАМОДА. НЕАМОДА ја нуди оваа веб-страница, вклучувајќи ги сите информации, алатки и услуги достапни на оваа страница, на вас, корисникот, условени од прифаќање на сите услови, околности, политики и известувања кои се наведени овде.

При посетата на нашата веб-страница и / или купување нешто од нас, вие се вклучувате во нашата „Услуга“ и се согласувате дека ќе бидете обврзани со следниве услови и правила („Услови за користење“, „Услови“), вклучувајќи ги и дополнителните услови, околности и политики наведени овде и / или достапни преку хиперврска. Овие услови за користење се применуваат за сите корисници на страницата, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисници кои се прелистувачи, продавачи, клиенти, трговци и / или соработници на содржината.

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за користење пред пристапување или користење на нашата веб-страница. Со пристапување до или користење на кој било дел од страницата, се согласувате да сте обврзани со условите за користење. Ако не се согласите со сите услови и околности од овој договор, тогаш не може да пристапите до веб-страницата или да ги користите услугите. Прифаќањето на овие услови за користење е експлицитно ограничено, ако истите се сметаат за понуда.

Сите нови карактеристики или алатки кои се додаваат во тековната продавница, исто така, подлежат на условите за користење. Во секое време може да ја прегледате најновата верзија на условите за користење на оваа страница. Го задржуваме правото да ажурираме, менуваме или заменуваме кој било дел од овие услови за користење со објавување ажурирања и / или промени на нашата веб-страница. Ваша одговорност е повремено да ја проверувате оваа страница поради промени. Вашата континуирана употреба или пристап до веб-страницата по објавувањето на какви било промени претставува прифаќање на истите.

ДЕЛ 1 – УСЛОВИ НА ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Со прифаќање на услугите за користење, вие изјавувате дека сте полнолетни во вашата држава или област на живеење и ни ја давате вашата согласност дека дозволувате малолетните лица кои се под ваша заштита да ја користат оваа страница.
Не може да ги користите нашите производи за нелегални или неовластени цели, ниту може, при користење на услугата, да кршите какви било закони во вашата јурисдикција (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на законите за авторски права).
Не смеете да пренесувате вируси или друг код од штетна природа.
Прекршување или повреда на кој било од Условите ќе резултира со непосредно прекинување на вашите услуги.

ДЕЛ 2 – ОПШТИ УСЛОВИ

Го задржуваме правото да одбиеме услуга за кој било и од која било причина во секое време.
Вие разбирате дека вашата содржина (не вклучувајќи информации за платежни картички), може да се пренесе нешифрирана и да вклучува (а) преноси преку различни мрежи; и (б) измени за да се усогласат со и прилагодат на техничките барања за поврзување со мрежи или уреди. Информациите за платежни картички се секогаш шифрирани за време на преносот преку мрежи.
Се согласувате да не репродуцирате, умножувате, копирате, продавате, препродавате или искористите кој било дел од услугата, употребувате Услуга или пристапувате до Услугата или кој било контакт на веб-страницата преку која е обезбедена услугата, без експлицитна писмена согласност од наша страна.
Заглавијата што се користат во овој договор се вклучени само заради практичност и не ги ограничуваат или влијаат врз овие Услови на друг начин.

ДЕЛ 3 – ТОЧНОСТ, КОМПЛЕТНОСТ И НАВРЕМЕНОСТ НА ИНФОРМАЦИИ

Не носиме одговорност доколку некоја објавена информација на веб-страницата не е точна, комплетна или навремена. Податоците на оваа страница се дадени само како општи информации и не треба да се користат како единствена основа за донесување одлуки без претходна консултација со поточни, поцелосни или понавремени извори на информации. Секое поткрепување врз основа на податоците од оваа страница е на ваш сопствен ризик.
Оваа страница може да содржи одредени историски информации. Историските информации не се во секој случај тековни и се дадени само за ваша референца. Го задржуваме правото да ја менуваме содржината на оваа страница во кое било време, но немаме обврска да ажурираме какви било информации на истата. Вие се согласувате дека ваша одговорност е да ги следите промените на нашата страница.

ДЕЛ 4 – ИЗМЕНУВАЊЕ НА УСЛУГАТА И ЦЕНИТЕ

Цените на нашите производи се предмет на промена без известување.
Го задржуваме правото во секое време да ја измениме или прекинеме услугата (или кој било дел од нејзината содржина) без известување.
Нема да бидеме одговорни пред вас или пред која било трета страна за каква било измена, промена на цена, одложување или прекинување на услугата.

ДЕЛ 5 – ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ

Одредени производи или услуги може да бидат достапни исклучиво преку веб-страницата. Овие производи или услуги може да бидат во ограничени количини и може да се вратат или разменуваат само во согласност со нашата Политика за рефундирање.
Вложивме максимални напори за да ги прикажеме што е можно попрецизно боите и сликите на нашите производи што се достапни во продавницата. Не може да гарантираме дека прикажувањето на која било боја на мониторот на вашиот компјутер ќе биде точна.
Го задржуваме правото, но не сме обврзани, да ја ограничиме продажбата на нашите производи или услуги на кое било лице, географски регион или јурисдикција. Ова право можеме да го применуваме и тоа одделно за секој случај. Го задржуваме правото да ги ограничиме количините на сите производи или услуги што ги нудиме. Сите описи на производите или цените на производите, според наша проценка, подлежат на промена во секое време без известување. Го задржуваме правото да го укинеме кој било производ и во кое било време. Секоја понуда за кој било производ или услуга направена на оваа страница е ништовна во случај кога е забранета со закон.
Не гарантираме дека квалитетот на кој било производ, услуги, информации или друг материјал купен или набавен од ваша страна ќе ги исполни вашите очекувања или дека сите грешки во Услугата ќе бидат коригирани.

ДЕЛ 6 – ТОЧНОСТ НА ПЛАТЕЖНИТЕ И КОРИСНИЧКИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Го задржуваме правото да одбиеме нарачка која сте ја направиле. Можеме, според наша проценка, да ги ограничиме или откажеме количините купени по лице, по домаќинство или по нарачка. Овие ограничувања може да вклучуваат нарачки направени од или под иста корисничка сметка, иста платежна картичка и / или нарачки кои користат иста адреса за наплата и / или испорака. Во случај да направиме измена на нарачка или да откажеме нарачка, ќе се обидеме да Ве известиме преку е-поштата и / или адресата за наплата/телефонскиот број кои сте ги доставиле во моментот кога е извршена нарачката. Го задржуваме правото да ги ограничиме или забраниме нарачките кои, според наша проценка, се направени од страна на трговци, препродавачи или дистрибутери.

Се согласувате да обезбедите тековни, целосни и точни платежни и кориснички информации за сите направени нарачки во нашата продавница. Се согласувате навремено да ги ажурирате вашите кориснички и други информации, вклучувајќи ги и вашата адреса за е-пошта, број на платежна картичка и датумот на нејзиното истекување, за да можеме да ги комплетираме вашите трансакции и да Ве контактираме доколку е потребно.

За повеќе детали, Ве молиме прегледајте ја нашата Политика за рефундирање.

ДЕЛ 7 – ИЗБОРНИ АЛАТКИ

Може да Ви овозможиме пристап до алатки од трети страни кои ниту ги надгледуваме, ниту имаме контрола или влијание над нив.
Потврдувате и се согласувате дека овозможуваме пристап до таквите алатки „какви што се“ и „какви што се достапни“ без никакви гаранции, застапувања или услови од каков било вид и без никакво одобрување. Не сносиме одговорност која произлегува од или се однесува на вашата употреба на изборните алатки на трети страни.
Секое користење на изборните алатки понудени преку нашата веб-страницата е исклучиво на ваш ризик и дискреција и треба да се осигурате дека сте запознаени со и ги одобрувате условите според кои Ви се овозможени алатките од релевантни испорачувач(и) на трети страни.
Ние, исто така, може во иднина, да понудиме нови услуги и / или карактеристики преку веб-страницата (вклучувајќи објавување нови алатки и ресурси). Ваквите нови карактеристики и / или услуги, исто така, подлежат на овие Услови за користење.

ДЕЛ 8 – ВРСКИ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Одредена содржина, производи и услуги кои се достапни преку нашата Услуга може да содржат податоци од трети страни.
Врските на трети страни на оваа страница може да Ве упатат до веб-страниците на трети страни кои не се поврзани со нас. Не сме одговорни за анализирање или проценка на содржината или нејзината точност и не гарантираме и нема да сносиме никаква одговорност за податоците или веб-страниците на трети страни или за какви било други податоци, производи или услуги на трети страни.
Не сме одговорни за каква било повреда или штета поврзана со купување или употреба на добрата, услугите, ресурсите, содржината или какви било други трансакции направени на веб-страниците на трети страни. Ве молиме, внимателно прочитајте ги политиките и практиките на третите страни и осигурете се ги разбирате пред да се вклучите во каква било трансакција. Поплаките, побарувањата или прашањата во врска со производи од трети страни треба да ги адресирате до истите.

ДЕЛ 9 – КОМЕНТАРИ, ПОВРАТНИ ИНФОРМАЦИИ И ДРУГИ ПОДНЕСОЦИ НА КОРИСНИКОТ

Доколку, на наше барање, испратите одредени специфични поднесоци (на пример, записи за конкурси) или без наше барање испраќате креативни идеи, сугестии, предлози, планови или други материјали, без разлика дали онлајн, преку е-пошта, по пошта или на друг начин (севкупно, „забелешки“), се согласувате дека можеме во секое време, без ограничување, да ги уредуваме, копираме, објавуваме, дистрибуираме, преведуваме и на друг начин да ги користиме сите забелешки што ни испраќате во кој било медиум. Ние не сме и нема да бидеме обврзани (1) да ги чуваме забелешките во доверливост; (2) да платиме надоместок за забелешките; или (3) да одговориме на забелешките.
Можеме, но немаме обврска да ја надгледуваме, уредуваме или отстраниме содржината што според наша проценка утврдиме дека е незаконска, навредлива, заканувачка, клеветничка, погрдна, порнографска, непристојна или на друг начин неприфатлива или ја нарушува интелектуалната сопственост на која било страна или овие Услови за користење.
Се согласувате дека забелешките нема да го повредат правото на ниедна трета страна, вклучувајќи ги и авторското право, трговската марка, приватноста, идентитетот или друго лично или сопственичко право. Понатаму, се согласувате дека вашите забелешки нема да содржат клевети или на друг начин незаконски, навредливи или непристојни податоци, или да содржат компјутерски вирус или друг злонамерен софтвер што може на каков било начин да влијае на работата на Услугата или на која било поврзана веб-страница. Не може да користите погрешна адреса за е-пошта, да се преправате дека сте некоја друга личност, или на друг начин да не измамите нас или третите страни во врска со потеклото на сите забелешки. Вие сте единствено одговорни за забелешките што ги објавувате и нивната точност. Ние не преземаме никаква одговорност и немаме никаква обврска за забелешките објавени од вас или од трети лица.

ДЕЛ 10 – ЛИЧНИ ИНФОРМАЦИИ

Доставувањето лични информации преку продавницата се регулира со нашата Политика на приватност. За да ја видите нашата политика на приватност.

ДЕЛ 11 – ГРЕШКИ, НЕТОЧНОСТИ И ПРОПУСТИ

Повремено може да се случи да има информации на страницата или во услугата што содржат типографски грешки, неточности или пропусти кои може да се поврзани со описите на производите, цените, промоциите, понудите, трошоците за испорака на производите, времето на достава и достапноста. Го задржуваме правото да коригираме какви било грешки, неточности или пропусти и да ги измениме или ажурираме информациите или да ги откажеме нарачките доколку информацијата во услугата или на некоја друга поврзана веб-страница е неточна, во секое време и без претходно известување (вклучувајќи и откако сте ја направиле нарачката).
Не преземаме одговорност да ги ажурираме, менуваме или појаснуваме информациите во услугата или на друга поврзана веб-страница, вклучувајќи но не ограничувајќи се на, информациите за цената, освен кога е задолжително согласно законот. Ниеден наведен датум на ажурирање или освежување применет во услугата или на друга поврзана веб-страница не треба да се земе како индикатор дека сите информации во услугата или на друга поврзана веб-страница биле изменети или ажурирани.

ДЕЛ 12 – ЗАБРАНЕТА УПОТРЕБА

Како дополнување на останатите забрани наведени во Услугите за користење, Ви се забранува да ја користите страницата или нејзините содржини: (а) за какви било незаконски цели; (б) да повикувате други да извршуваат или учествуваат во какви било незаконски дела; (в) да ги прекршувате меѓународните или националните закони; (г) да ги повредите и прекршите нашите права на интелектуална сопственост или правата на интелектуална сопственост на трети лица; (д) да малтретирате, злоставувате, навредувате, повредувате, клеветите, омаловажувате, заплашувате или дискриминирате врз основа на род, сексуална ориентација, религија, етничка припадност, раса, возраст, национално потекло или попреченост; (ѓ) да доставувате лажни или погрешни информации; (е) да прикачувате на интернет или ширите вируси или друг вид на штетен код што ќе или може да биде употребен на каков било начин што ќе влијае на функционалноста или работата на услугата или на друга поврзана веб-страница, други веб-страници, или интернетот; (ж) за прибирање или следење на личните информации на другите; (з) за криптирање, крадење или други непожелни активности на интернет; (ѕ) за непристојни или неморални цели; или (и) за попречување или заобиколување на безбедносните функционалности на услугата или другa поврзанa веб-страница, други веб-страници, или интернетот. Го задржуваме правото да го прекинеме вашето користење на услугата или другa поврзанa веб-страница поради прекршување на некоја од горенаведените ставки за забранета употреба.

ДЕЛ 13 – ИЗЗЕМАЊЕ ОД ГАРАНЦИИТЕ; ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Не гарантираме, застапуваме или тврдиме дека вашето користење на нашата услуга ќе биде повремено без прекини, навремено, безбедно и без грешки.
Не гарантираме дека резултатите кои може да се добијат од користењето на услугата ќе бидат точни или веродостојни.
Вие се согласувате дека повремено може да ја отстраниме услугата на неограничен временски период или да ја прекинеме услугата во секое време, без да Ве известиме.
Вие експлицитно се согласувате дека вашето користење на, или не можност да ја користите, услугата е на ваш сопствен ризик. Услугата и сите производи и услуги кои Ви се испорачуваат преку услугата се (освен при изречно наведување од наша страна) ставени на располагање „какви што се“ и „какви што се достапни“, без никакво застапување, гаранции или услови од каква било природа, било наведени или имплицирани, вклучувајќи ги сите имплицирани гаранции за исправноста, квалитетот, прикладноста за одредена намена, трајноста, насловот и оригиналноста на производот.
НЕАМОДА, нашите директори, службеници, вработени, соработници, агенти, изведувачи, практиканти, добавувачи, даватели на услуги или даватели на лиценци во никој случај нема да бидат одговорни за каква било повреда, загуба, побарување, или директни, индиректни, инцидентни, казнени, специјални или последователни штети од секаков вид, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на изгубен профит, изгубен приход, изгубена заштеда, губење на податоци, трошоци за замена, или други слични штети, без разлика дали се засновани на договор, непочитување (вклучувајќи небрежност), стриктна одговорност или друго, кои произлегуваат од вашето користење на секоја услуга или производи набавени користејќи ја услугата, или друго побарување поврзано на каков било начин со вашето користење на услугата и кој било производ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на евентуални грешки или пропусти во содржините, или каква било загуба или штета од секаков вид настаната како резултат на користењето на услугата или содржините (или производот) објавени, пренесени или достапни преку услугата на друг начин, дури и ако постои известување за нивното можно постоење. Поради тоа што некои држави или јурисдикции не дозволуваат изземање или ограничување од одговорност за последователни или инцидентни штети, во таквите држави или јурисдикции нашата одговорност ќе биде ограничена до степен кој е максимално дозволен со закон.

ДЕЛ 14 – ОБЕШТЕТУВАЊЕ

Се согласувате дека ќе ги обештетите, одбраните и нема да сметате одговорни НЕАМОДА и нашите подружници, партнери, соработници, службеници, директори, агенти, изведувачи, даватели на лиценци, даватели на услуги, подизведувачи, добавувачи, практиканти и вработени, во случај на какво било барање за отштета или други побарувања, вклучувајќи оправдани адвокатски трошоци, кои потекнуваат од трета страна, а поради или кои произлегуваат од вашето непочитување на овие Услуги за користење или документите кои се вклучени во нив со референца, или вашето кршење на некој закон или правата на трета страна.

ДЕЛ 15 – ДЕЛУМНА НИШТОВНОСТ

Во случај да се утврди дека некоја одредба од овие Услови за користење е незаконска, неважечка или не извршна, таквата одредба сепак ќе биде извршна до највисокиот степен дозволен со важечкиот закон, а не извршливиот дел ќе се смета дека е отстранет од овие Услови за користење и ваквата одлука нема да влијае на важноста и извршувањето на сите други преостанати одредби.

ДЕЛ 16 – РАСКИНУВАЊЕ

Обврските и долговите настанати пред датумот на раскинување ќе бидат извршни и по раскинувањето на овој договор.
Овие Услови за користење се во сила, освен ако и до кога ние или вие не ги раскинеме. Можете да ги раскинете овие Услови за користење во кое било време со тоа што ќе не известите дека повеќе не сакате да ги користите нашите услуги или кога ќе престанете да ја користите нашата страница.
Ако според наша проценка не успеете, или се сомневаме дека не сте успеале, да ги испочитувате сите услови или одредби на овие Услови за користење, ние исто така може да го раскинеме овој договор во кое било време без никакво известување, а вие ќе бидете одговорни за сите износи што се наплаќаат до и вклучително со датумот на раскинување; и/или следствено може да Ви го оневозможиме пристапот до нашите услуги (или кој било дел од нив).

ДЕЛ 17 – ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР

Доколку не успееме да оствариме или примениме некое право или одредба од овие Услови за користење, тоа нема да претставува откажување од таквото право или одредба.
Овие Услови за користење и сите политики или правила за работа објавени од наша страна на оваа страница или во однос со Услугата, претставуваат целосен договор и разбирање помеѓу вас и нас и истите го регулираат вашето користење на Услугата, заменувајќи ги претходните или ажурираните договори, комуникации и предлози помеѓу вас и нас, било усни или писмени (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, какви било претходни верзии на Условите за користење).
Сите нејаснотии при толкувањето на овие Услови за користење нема да се толкуваат против страната која ги изготвува.

ДЕЛ 18 – ПРИМЕНЛИВО ПРАВО

Овие Услови за користење и сите посебни договори со кои Ви обезбедуваме услуги се регулирани и толкувани во согласност со законите на NEAMODA , Isaia 9 , 14, 54634 Thessaloniki, Greece.

ДЕЛ 19 – ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Во секое време може да ја прегледате најновата верзија на Условите за користење на оваа страница.
Го задржуваме правото, според нашата слобода на одлучување, да го ажурираме, менуваме или заменуваме кој било дел од овие Услови за Користење преку објавување на ажурирања и промени на нашата веб-страница. Ваша одговорност е периодично да ја проверувате нашата страница поради евентуални промени. Вашата континуирана употреба или пристап до нашата веб-страница или Услугата по објавувањето на какви било промени во овие Услови на Користење претставува прифаќање на истите.

ДЕЛ 20 – ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ

Може да ни испратите прашања за Условите за користење на info@neamoda.com

ЗАТВОРИ

Категории на производи

X
Кошничка