Враќања:
Нашата политика е 10 денови. Ако се поминати 10 денови од вашата нарачка, за жал не можеме да Ви понудиме поврат на средства или замена.
За да имате право на враќање, вашиот артикл мора да биде не користен и во иста состојба во која сте го примиле. Исто така, мора да биде во оригиналното пакување.
За целосно да го извршиме вашето враќање, потребна ни е сметката или доказ за купување.
Ве молиме, не ја испраќајте вашата нарачка назад до производителот.

Следните артикли не може да се вратат назад:
– Секој артикл кој не е во првобитната состојба, е оштетен или му фалат делови, но не поради наша грешка.
– Секој артикл кој се враќа по повеќе од 10 денови од неговото доставување.

Рефундирани/Вратени средства:
Откако вашиот артикл е примен и проверен, ќе Ви испратиме е-пошта за да Ве известиме дека сме го добиле вратениот артикл. Исто така, ќе Ве известиме и за одобрувањето или одбивањето на рефундирањето.
Ако е одобрено, тогаш вашето рефундирање ќе се процесира во период од неколку денови и средствата автоматски ќе се префрлат на вашата платежна картичка или преку првобитниот метод на плаќање.

Задоцнети или изгубени рефундирања:
Доколку сè уште ги немате рефундираните средства, прво проверете ја вашата сметка уште еднаш.
Потоа контактирајте ја компанијата на вашата платежна картичка, можеби е потребно некое време додека официјално се прокнижи рефундираната сума.
Следно контактирајте ја вашата банка. Најчесто е потребно повеќе време додека се процесира рефундираната сума.
Ако сте ги направиле сите овие чекори, а сè уште ги немате рефундираните средства, Ве молиме контактирајте не на info@neamoda.com

Артикли на попуст/промоција:
Може да се рефундираат само артикли со редовна цена, за жал артиклите на попуст/промоција не може да се рефундираат.

Замена:
Заменуваме артикли само доколку се фалични или оштетени. Доколку сакате да направите замена за ист артикл испратете ни е-пошта на info@neamoda.com и испратете го артиклот на следната адреса: NEAMODA , Isaia 9 , 14, 54634 Thessaloniki, Greece.

Подароци:
Ако при купување артиклот е обележан како подарок и е доставен директно до вашата адреса, ќе добиете ваучер за подарок во износ од вредноста на вратениот артикл. По примање на вратениот артикл, ќе Ви испратиме потврда за подарок.
Ако при купување артиклот не е обележан како подарок или ако дарителот си ја испратил нарачката на своја адреса за подоцна да ја подари, ќе извршиме рефундирање до дарителот и тој ќе биде известен за вратениот артикл.

Достава
За да го вратите производот, истиот треба да го испратите на следната адреса: NEAMODA , Isaia 9 , 14, 54634 Thessaloniki, Greece
Вие сте задолжени за плаќање на сите трошоци кои ќе настанат при доставување на артиклот кој го враќате. Трошоците за достава не се рефундираат. Ако средствата Ви бидат вратени, трошокот за враќање на доставата ќе биде одземен од вашите средства.
Времето за доставување на вашиот заменет производ може да варира во зависност од местото на живеење.
Ако испраќате артикл во износ од над 50 ЕУР, земете предвид користење услуга за следење на пратката или купување осигурување за достава. Не гарантираме дека вашиот вратен артикл ќе ни биде доставен.

ЗАТВОРИ

Категории на производи

X
Кошничка