CategoriesБлог

Џејд Перкинс инструкторка по Пилатес и Бар ги сподели нејзините тајни за тоа како да се биде во топ форма, за здравјето и убавината

Ја забележавме на инстаграм и ги следевме нејзините тренинзи надополнети со мени на супер здрави рецепти кои сигурни сме дека ке ги обожавате. Ефектот од вежбите може да се почувствува веднаш по нивното завршување, нивото на енергија растеше секој пат кога вежбавме со оваа инспиративна девојка, а тука беше и бонусот на здравите избори на храна кои ги правевме во кујната. Секогаш е вистинска инспирација кога ќе сретнете вакви жени како Џејд Перкинс попопуларна како @health.girl.guru на инстаграм. Ако сте заинтересирани за Пилатес и Бар часови, анти воспалителни диети, природно лекување и соодветната грижа за себе си заследете ја неа и нејзиниот нов блог кој таа го лансира месецов каде ќе најдете се во врска со здравиот начин на живот и многу повеќе.

Па која е Џејд Перкинс на страна од тоа што е фитнес експерт со кој сите сакаат да тренираат? Пресреќна сум што конечно го направивме ова интервју.

ЏЕЈД: Ви благодарам за соработката, задоволство е да се зборува со вас. Јас сум оригинално од мало гратче на север од Бостон и горда сум на своите корени. Почнав да се бавам со манекенство уште на 15 годишна возраст и продолжив да се бавам со оваа професија за целото време на моите студии. Студирав Моден мерчендајзинг и дизајн и откако завршив со студиите целосно се посветив на мојата кариера како модел. Бев во можност да се запознаам со многу интересни луѓе, да патувам на разни локации и да работам во модата која одсекогаш сум ја сакала.

 Како модел, се хранев здраво најголемиот дел од времето, и постојано бев активна бидеќи морав да бидам “бикини спремна “ преку целата година. Испробував секакви типови на вежби, диети, суплементи и сл. но навистина приметив разлика на моето тело кога започнав со Бар часовите.

БИЉАНА: Прв пат се сретнав со Бар часовите преку твоите видеа со вежби на инстаграм. Ке можеш ли да ни објасниш повеќе за овој стил на вежби и бенефитите кои ги нуди?

ЏЕЈД: Бар часовите имаат совршен низок импакт и горење во целото тело како што одсекогаш сум сакала! На моите часови очекувано е да користиме полесни тегови, да правиме повеќе серии на вежби и ќе искусиме горење во целото тело проследено со целосно протресување на телото! Интенцијата е да се заморат мускулите, за да се горат мастите и да обликуваме тенки, долги и силни мускули. Секогаш бев загрижена да не накачам маса кога работев како модел, но не грижете се тоа нема да се деси со часовите по бар вежбите! Тоа е еден од најефективните и најбрзи начини да го обликувате и скулптурирате целото тело. Јас видов целосна промена по само 3 недели вежбање отприлика 14 часа бар. Пријателите и мојата фамилија ги приметија разликите исто така! Ми се допага што флексибилноста е во фокусот на овие вежби. Ги истегнуваме мускулите после секоја вежба. Само поради тоа што имаат низок импакт не значи дека бар вежбите се лесни!

БИЉАНА: Знам дека сте сертифицирана и за други техники на вежбање. Можете ли да ни кажете повеќе за вашата фитнес експертиза и за ги запознаеме читателите со вашите онлајн курсеви, како и можностите за приватни сесии итн?

ЏЕЈД: Како модел постојано бев фокусирана да останам слаба што има свои позитивни но и негативни аспекти како што можете да замислите. Сакав да направам нешто подобро за себе и своето тело и да им помогнам на другите. Тогаш одлучив да ги земам сертификатите за бар, пилатес мат и реформер по чие усовршување одлучив да се надградам и со други формати на вежби кои вклучуваат HIIT и кардио. Ги вклучувам методите од бар часовите за скулптурирање на телото во склоп на другите вежби од типот на кардиот и HIIT. Искрено навистина верувам во оваа техника.

БИЉАНА: Многу ги сакам вежбите за целото тело кои ги водиш онлајн. Може ли да ни кажеш повеќе за твојата дневна фитнес рутина?

ЏЕЈД: Ти благодарам! Уцам многу часови и приватни онлајн сесии секоја недела. Вежбањето понекогаш знае да биде предизвик особено кога тоа е вашата работа, но јас сакам да го одмарам моето тело барем еден ден во неделата. Како и да е обожавам да ги комбинирам техниките кои веќе ги споменав бар, пилатес, кардио и можеби HIIT сесија еднаш неделно. Бидејќи постојано снимам онлајн часови правам по еден многу добар тренинг барем еднаш во денот. Поради ова сметам дека е битно да намалам со вежби оние денови кога сум слободна. Јин јога часови, истегнување и медитација се некои од омилените работи што ги правам во слободните денови. Додадов звучна медитација + часови за истегнување во распоредот на актуелните онлајн пакети под името STILL. Ги охрабрувам соите оние на кои им е потребна релаксација и истегнување да го пробаат на само 30 минути! Навистина е подмладувачко искуство.

БИЉАНА: На страна од тоа што сте неверојатно добар фитнес тренер исто така сте и неверојатен готвач чија кујна е полна со нутриенти, витамини и еден куп љубов. Секој готвач кој сум го сретнала тврди дека навистина Љубовта е тајната состојка, но јас сакам сакам да откријам повеќе за твоите кулинарски способности и здрави тајни и трикови. Дали би можела да поделиш некој од твоите омилени рецепти со нас?

ЏЕЈД: Абсолутно. Ако немате љубов кон готвењето, или пак ингридиентите кои ги користите сигурно е дека вашите оброци нема да бидат толку креативни и вкусни. Луѓето за кои готвите може да приметат колку труд сте вложиле во подготвувањето на храната. Презентацијата е исто така важна. Сигурна сум дека сте чуле дека најпрво јадеме со очите. Вистина е, затоа осигурајте се што и да правите да изгледа добро на чинијата. Сакам да додадам свежи зачини и слично пред да сервирам за да добијам екстра боја во јадењето.

Користам свеж ѓумбир, куркума, црн бибер и келтска морска сол во моите рецепти. Ѓумбирот и куркумата се анти воспалителни и имаат безброј бенифити по здравјето на луѓето. Црниот бибер има состојка наречена пиперин која ја зголемува абсорбцијата на куркумин во телото за дури 2000% со што се зголемува неговата биодостапност! Се обидувам да ги комбинирам овие зачини и суплементи кога можам. Тие ја намалуваат инфламацијата, ја подобруваат дигестијата, ги намалуваат симптомите на артритис и многу повеќе. Мојата пикантна тај супа од кнедли од келп (морска трева) ги содржи овие зачини. Се надевам ќе ви се допадне исто колку и на мене!

БИЉАНА: Се чини дека да бидеш секогаш фит не претставува проблем за тебе. Која е твојата фолозофија на исхрана и дали применуваш одредена диета која е комплементарна на твојот животен стил?

ЏЕЈД: Уживам во фактот дека не морам да се грижам за мојата линија поради промената во мојата исхрана која се разликува многу од онашто го јадев пред да наполнам 25. Кога го сретнав мојот сега веќе сопруг тој беше Палео и јас почнав полека да го практикувам овој пристап во исхраната, но сепак најчесто бев на вегетаријанска исхрана во последните неколку години, повремено јадам риба. Откога станав Палео почнав почесто да конзумирам риба а да скратувам на зрна, мешунки и млечни производи и приметив огромна разлика во енергетските нивоа, не бев надуена и мојата астма беше помалку активна. Во последниве две години го открив Парадоксот на растенијата од Д-р. Гандри. Имплементирав уште некои промени во мојата диета како лимитиран внес на "nightshades" и лектини кои предизвикуваат инфламација и иритација на стомакот и дијареа понекогаш. Нашето здравје е во нашиот стомак, затоа е особено важно да се грижиме за него.

Најголем број од луѓето кои го читаат ова веројатно си мислат "не јадеш глутен, млечни производи, соја, мeшунки, црвено месо,... што јадеш!?" Ми го поставуваат ова прашање постојано и одговорот е Многу работи само требаше да ги сменат храните кои ги конзумирам и да ви кажам постојан толку многу различни храни кои се неверојатно вкусни и полезни за нашето здравје. Сеуште пробувам нови работи.

Некои од моите неодамнешни обсесии се салата од глуварче, костени, ленено семе и семе од коноп! Се обидувам моите оброци да ги спремам со анти-воспалителни и лековити состојки. Ова е и една од причините поради кои сакав да го започнам мојот блог, затоа што сум свесна дека многу луге не знаат колку е лесно да подготвите превкусни и лековити оброци.

БИЉАНА: Како стана долку добар шеф?

ЏЕЈД: Мојата мајка и баба двете беа многу добри готвачки. Се сеќавам како заедно готвевме во кујната кога бев мала. Мислам дека оттаму произлегува мојата желба за готвење. Но не секогаш бев добар шеф. Во колеџ преживував на паста, салати и грав хаха. Откако дипломирав се заинтересирав повеќе во подготвување на поинтересни оброци. Сега готвењето ми е како терапија, сакам да подготвувам храна за моите блиски, така ја покажувам мојата љубов и придонесувам.

БИЉАНА: Сите сме свесни за знашењето на здравата храна. Како изгледа твоето омилено мени на денот? Кои се најбитните состојки во твојата диета?

ЏЕЈД: Здравата исхрана значи различни работи за различни луѓе. Секое ТЕЛО е различно. Јас јадам како што јадам бидејќи знам кои храни ми влијаат лошо а кои добро. Јадам органско со микс на Палео + Плант парадокс, не сум по месото, од време на време знам да каснам пилешко но преферирам риба. Типична вечера за мене вклучува превкусна риба, нешто зелено и можеби благ компир. Како што вели маж ми вообичаено ги “Џејдифицирам“ сите оброци, па така на благиот компир би ставила кокосово масло, цимет или морско оревче. Ако јадеме здраво тоа не мора да биде блуткаво и без вкус, затоа користам многу зачини, билки и кари во оброците. Неверојатно е што малку кокосово млеко + лајм можат да направат на едноставна зеленчукова супа.

БИЉАНА: Знам дека сите со нетрпение го очекуваат па затоа сподели повеќе со нас за лансирањето на твојот блог овој месец како и за твоите идни планови?

ЏЕЈД: Во моментов сеуште ја немам точната дата но ќе биде овој месец, наскоро ќе го споделам точниот ден на пуштањето на мојот блог. Таму ќе ги споделувам моите омилени рецепти, вежби за подобар живот, холистички информации, лекови, виртуелни часови во живо, виртуелни приватни сесии и многу други интересни со за здравјето и благосостојбата. Едвај чекам да го пуштам! Целта ми е сите оние кои ќе го посетат мојот блог да се чувствуваат како дома и да навраќаат често за се она што им е потребно за да се осеќаат како најдобрата верзија од себеси.

Што се однесува на моите интереси и цели, тоа постојано се менува! Јас сум слободен дух секогаш во потрага по нова инспирација. Во една работа сум сигурна а тоа е мојата посветеност кон здравиот начин на живот и сакам да продолжам да им помагам на оние на кои им е потребна мојата помош, да ги инспирирам да јадат здраво и да бидат активни секој ден. Кога еднаш ќе ја искусите најдобрата верзија од себеси станувате зависни и секогаш сакате да изгледате и да се чувствувате најдобро што можете, умеете и знаете!

БИЉАНА: Како го постигнавте ова ниво на посветеност кога станува збор за здравиот начин на живот? Многу ни е јасно колку труд и дисциплина е потребно да се направат работите кои вие ги правите во доменот на благосостојбата и здравјето! Како и ние да го постигнеме ова и да не се откажеме пред да почнеме, како што понекогаш бидува?

ЏЕЈД: Како што спомнав погоре отсекогаш сум сакала да бидам здрава и во добра форма, ова е моја пасија многу долго и знам дека кога еднаш се чувствувате толку добро, здраво, енергично и среќно ќе сакате тоа да биде секогаш така.

Пикантна Таи Супа од Келп Кнедли

Време за подготовка: 5 Минути
Време на готвење: 15 Минути
Вкупно време: 20 Минути
Порции: 4

Состојки:

  • 1 литар зеленчукова супа со низок содиум
  • Сок од два лимони
  • Едно паковање морска трева / 400 милилитри
  • 1/2 лажица истолчен лук
  • 1/2 лажица паприка
  • 1/2 лажица куркума
  • 1/2 лажица ѓумбир
  • 1 лажица црн бибер
  • наросуваме сужени чили пиперчиња
  • 2 чаши грубо исечен органски силандро или други зелени додатоци по вкус како магданос на пр.
  • 2 авокада пресечени на пола па на помали парчиња за гарнирање
  • 150 милиграма органско кокосово млеко
  • резанки од лајм за сервирање

Инструкции:

  1. Загрејте ја зеленчуковата супа во средно големо тенџере.
  2. Извадете ги готовите кнедли од келп или морска трева и измијте ги во цедалка. Може и да ги исецкате нудлите доколку сакате. Додадете ги откако добро ќе ги измиете во супата и варете 10 минути.
  3. Додадете го лукот и зачините, сокот од лајм и кокосовото млеко.
  4. Сервирајте во длабоки садови, со свежо авокадо, свеж магданос и парче лајм!
ПИКАНТНА ТАИ СУПА ОД КНЕДЛИ ОД КЕЛП
ЗАТВОРИ

Категории на производи

X
Кошничка